Јувентус чекори кон нова титула во италијанската Серија А, која е вкупно 36. во неговата историја, но многумина сметаат дека судиите сериозно ги туркаат и дека Кристијано Роналдо и соиграчите се на прво место поради тоа.
Причината за такво нешто се дискутабилните пенали, кои сезонава ги доби „старата дама“, а особено тоа беше случај во претходниот период.
Еден навивач на Јувентус го почувствува револтот додека шеташе на плажа во дресот на италијанскиот шампион, а луѓето околу него скокаа на песокот и викаа „пенал, пенал“.
Ahah brilliant: Juventus fan walks on the beach with kit on,
people goes on the ground asking for penalty (“rigore”) pic.twitter.com/JFrTWMDlkV— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 20, 2020