Кога температурите се над 20 степени Целзиусови, удобноста е секако приоритет. Ние пронајдовме 15 идеални комбинации за летните денови во кои нема да ви биде претопло, а ќе изгледате како да сте излегле од модна писта.
Ова лето жените од стил се облекуваат вака:
Класика која никогаш нема да излезе од мода, па така тексас шорцевите и класичната бела маичка ќе бидат полн погодок!
Фустаните секогаш биле добар избор за тропските денови.
Карнерите веќе се актуелни. Во комбинација со ѕвонарките даваат стајлинг за чиста 10-ка.
Сите трентсетерки полудеа по лелеавите фустани.
Црвено-белата комбинација секогаш добро изгледа.
Без белите кошули летото не може да помине. Без разлика дали ја носите во комбинација со краток шорц или со панталони, ќе изгледате феноменално.
View this post on Instagram
Which outfit is your favorite? @fakerstrom — ✨ We used our signature OOTD – Original preset/filter ✨
Карго панталоните се водечки тренд. Освен што се модерни, тие ќе го прикријат вишокот килограми на стомакот или колковите, секако ако го имате.
Со плисираното здолниште нема грешка.
Ретро стилот се врати на голема врата.
Потпунките беа апсолутен хит во текот на 80-тите години од минатиот век, а сега повторно ја освојуваат модната сцена. Овој модел на маички е задолжителен во гардероберот на секоја жена.