Шведскиот глумец Долф Лундгрен доби голем број коментари на социјалните мрежи од неговите фанови, критикувајќи го дека одбрал свршеница која неверојатно потсетува на неговата ќерка.
Ѕвездата на голем број акциони филмови минатиот месец се сврши со 38 години помладата фитнес-тренерка Ема Крокдал. Радосните вести двојката ги сподели на социјалните мрежи, на кои Ема објави фотографија од нејзиниот свршенички прстен.
Фановите не пропуштија можност да го искритикуваат дека Ема многу потсетува на постарата ќерка на Лундгрен, Ида, која глумецот ја доби во брак со дизајнерката Анета Квиберг. Фановите му коментираа дека Ема и Ида се во иста година родени и дека не постои голема разлика меѓу нив.
Тие му посочија дека разликата во години меѓу нив двајцата е голема и дека таквиот брак нема долго да функционира. Сепак некои од колегите, меѓу кои беше и Силвестер Сталоне, големиот пријател на Лундгрен, го поддржа во неговиот избор и му честитаа за свршувачката.