Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека Ајан (3), кој боледуваше од рак, денеска здрав си отиде дома од Клиниката за детски болести. Ајан ѕвонеше на ѕвончето во клиниката и со тоа означи дека ја победил болеста. Ова беше единствената желба на момчето за Нова година, откри министерот, кој го сподели видеото на социјалните мрежи.
„Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас“, напиша Филипче на објавата.