Бразилскиот топ-модел, Жизел Бундшен, која пет години беше во љубов со Леонардо ди Каприо, откри дека врската со славниот актер не била ни лесна ни забавна. Иако го сакала, таа вели дека во еден момент Ди Каприо станал неподнослив до тој степен што почнала да пие за да се справи со него.
Жизел во интервју за магазинот „Портер“ откри дека неколку месеци пред да раскинат таа почнала да се опива за да го поднесе Леонардо.
„Престанав да чувствувам што било и се обидов да се убијам со цигари, алкохол и прекумерна количина работа. Дали бев сама во обидите да се истражувам себеси и животот додека тој останува ист? За жал, одговорот е – да. Се обидов да се справам со моите проблеми, тој – не. И затоа го оставив. Да не го направев тоа, мислам дека ќе полудев“, рекла таа.
Жизел и Леонардо беа заедно од 2000 до 2005 година. По раскинувањето, таа се омажи со рагбистот Том Брејди со кого ги има синот Бенџамин (9) и ќерката Вивијан (6).