Џенифер Гарнер и Бредли Купер се во врска, пишуваат американските медиуми. Тие објавија слики на кои глумците се на плажа во Малибу, Калифорнија, а со нив е и Леа, ќерката на Бредли од врската со манекенката Ирина Шајк.
„Бредли не ја тргаше насмевката од лицето додека уживаше на плажата“, пишуваат медиумите.
И пред многу години неколку американски таблоиди тврдеа дека Џенифер и Бредли се заедно, во времето кога ја снимаа серијата „Алијас“, но глумците никогаш не признаа дека се во врска. Тие и сега велат дека се одлични пријатели и дека секогаш си биле поддршка еден на друг.
Гарнер пред само неколку дена објави дека ставила крај на долгогодишната врска со адвокатот Џон Милер, а веќе следниот ден ја сликале на плажа со Бредли. Таа од бракот со Бен Афлек има три деца: 14-годишната Вајолет, 11-годишната Серафина Роуз Елизабет и 8-годишниот Семјуел.