(Видео) Опуштена венчавка: глумецот Жарко Димоски се ожени на море

Вчера, глумецот Жарко Димоски се ожени со својата девојка Андреа Јосифова. Актерот од Театар „Комедија“ венчавката ја направи во Хрватска, во познатото туристичко место Ровињ. Тој објави и кусо видео, на кое напиша: „Официјално е. Среќата само што почна. Љубов. 10.8.2020“. Младенците беа едноставни во опуштено издание и сè ова изгледаше многу симпатично во кругот на најблиските.

Scroll to Top