Сезоната на летните намаленија се приближува кон крајот. Во тек се последните големи распродажби, што е обично знак дека во понудата на продавниците полека стигаат и парчињата од првите есенски колекции.
Меѓу облеката која не прашува за сезона и која се носи без разлика на годишното време се и здолништата, а меѓу најпопуларните, кои едноставно немаат конкуренција, секако се плисираните модели.
Иако есенските колекции обично се преполни со неутрални нијанси, во годнеишните понуди не недостигаат ниту поживите бои и дезени.
Освен класичните модели со миди крој, тука се и преслатките здолништа со плисирани детали, кои сигурно ќе ги најдат своите обожавателки.
Разгледајте ги во нашата галерија овие 20 нови модели на плисирани здолништа од првите есенски колекции.