Европскиот центар за превенција и контрола на болести ги анализираше појавувањето на кластерте, односно групите заразени во разни работни опкружвања и утврди дека најголемиот ризик за зараза со новиот коронавирус, имаат вработените во домовите за стари лица.
Веднаш по овие луѓе, најголем ризик да се заразат со коронаврус се медицинските работници во болниците. Иако лекарите и сестрите заболуваат нешто помалку од горенаведените, нивната смртност е поголема. Од друга страна, продавниците се покажале како прилично безбедни места.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести го анализираше појавувањето на таканаречените кластери, во овој случај, групи од најмалку два заразени, во разни работни опкружување, за да ги поттикне државите да обратат посебно внимание на одредени групи на работници и нивните услови за работи, кои овозможуваат ширење на коронавирус.
Анализата го опфатила периодот од март до јули, а иако податоците се побарани од 30 држави, ЕУ, Европскиот економски простор и Обединетото Кралство, своите бројки, најчесто непотполни или без потребни диференцијации, ги имаат доставени само 17 држави.
Вкупно се пријавени 1377 кластери во работните опкружувања, најмногу во здравството и социјалните служби. Но, не станува збор за компактна целина, најмногу се на удар вработените во домовите за стари лица (591 кластер) и тие во болниците.
Најнесигурни се работниците во примарното здравство, каде има минимална појава на болеста. На второ место е работното опкружување со погоните за преработка и пакување на храната, како што се кланиците и земјоделските работи, како берењето на овошје и фабриките.