Актерката Бо Дерек, чијшто комичен филм „10“ во 1979 година ја направи секс-симбол, има нов документарен филм во кој зборува за претседателот Доналд Трамп.
63-годишната ѕвезда сподели свои размислувања со „Вариети“, во пресрет на новиот документарец In My Own Words, од нејзиниот дом во Санта Барбара, јужна Калифорнија, чии нови соседи ѝ се Меган Маркл и принцот Хари. Бо го дели домот со своето момче Џон Корбет, кој е познат по улогата на Ејден во „Сексот и градот“ и од „Мојата дебела грчка свадба“.
Бо Дерек во филмот „10“ од 1979 имаше 17 години. Таа се сеќава на времето кога работела со претседателот Трамп на филмот во 1989 година Ghosts Can’t Do It, во режија на нејзиниот поранешен сопруг Џон Дерек, кој почина во 1998 година од срцева слабост.
Со него беше 22 години во брак. Кога ја сретнал, тој се развел од дотогашната сопруга Линда Еванс (Кристл од „Династија“). За таа улога Трамп освои „Златна малина“ за најлошо актерско остварување.
Размислувајќи за патот на Трамп од бизнисмен до претседател, Бо рече: „Имавме заеднички пријател кој рече:‘’Вие правите филм и Доналд Трамп бара улога. Имате ли нешто?’ Затоа ние напишавме сцена и тој беше одличен“.
Но, актерката сега не се изјаснува за омилениот претседателски кандидат. „Веќе не кажувам за кого гласам“, рече таа за „„Вариети“. „Го поддржав Буш и станав една од девојките од постерите на републиканците. Но, јас сум независна. Не сакам да бидам гулаб и етикетирана како едно или друго “.
Бо изрази надеж за земјата и покрај движењето „Црните животи значат“: „Она што се случи со Џорџ Флојд, знам дека расизмот беше таму, но не мислев дека ќе биде толку бесрамно полицаец да убие граѓанин додека го снима камера. Но, мислам дека промените ќе се случат “.
На можноста на Трамп да ѝ помогне на земјата, Бо одговори: „Мислам дека тој нема влијание какво што луѓето мислат дека има. Не ми треба мојот претседател да биде мој морален водач. Можеше ли да стори повеќе? Не знам. Го имавме Обама и не се случи многу во таа област, кога ќе се осврнам на тие осум години. Не мислам дека ова се решава на претседателско ниво “.
Во интервјуто се зборуваше и познатата сцена покрај море од „10“, во која Бо носеше традиционална црна фризура со плетенки. Бо рече дека изгледот, по сугестија на нејзиниот покоен сопруг, нема да биде прифатлив во 2020 година.
„Се соочувам со проблеми сега“, рече таа за „Вариети“. „Имам многу критики затоа што ја копирам фризурата на Афроамериканките. Но, во тоа време, реакцијата беше многу поинаква. Не можам да ви кажам колку жени Афроамериканки дојдоа кај мене и ми рекоа ‘Ви благодарам многу. Јас работам во банка и мојот шеф никогаш не ми дозволуваше да ја имам таа фризура на работа, но сега можам’. “
Деновиве Бо живее мирен живот со партнерот Корбет (59), без притисок за брак.
-Сега, ако сум дома, се будам, правам кафе, ги хранам коњите, ги хранам кучињата, појадувам, работам на компјутер, работам во градината, пливам во базенот, со Џон гледаме цела вечер филмови, изјави Бо за „Вариети“ “.