Кралицата на поп-музиката Мадона вчера наполни 62 години. Таа го славеше роденденот на Јамајка, а на „Инстаграм“ објави слика на која држи чинија со марихуана и има џоинт во устата.
„Добре дојдовте на Јамајка“, напиша ѕвездата, но нејзината слика предизвика спротивставени коментари. Некои ја осудија, други, пак, ѝ го честитаа роденденот и коментираа дека секогаш била своја и единствена.
На роденденската забава со Мадона беа и нејзините деца, но и нејзиниот 36 години помлад дечко, Аламалек Вилијамс.