Кети Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум добија ќерка. Поп-ѕвездата се породила вчера и родила девојче, кое го доби името Дејзи Дов Блум. Веста официјално ја соопштија од УНИЦЕФ, чии амбасадори на добра волја се и двајцата родители.
„Пловиме во љубов и благодарни сме за безбедното и здраво доаѓање на свет на нашата ќерка”, се вели во соопштението.
Ова ѝ е прво дете на пејачката, а глумецот од бракот со моделот Миранда Кер го има 9-годишнот син Флин.