Минатата недела полициските служби извадиле женски труп од езерото во близина на палатата во која живеат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, пишува „Дејли Мејл“.
Британските служби првично изјавиле дека станува збор за 51 годишна уметничка Енделион Лисет Грин, која била пријавена за исчезната минатата недела.
Подоцна било утврдено дека телото е на друга жена, а дека Грин е жива. Засега починатата жена сè уште не е идентификувана, а портпаролот на Скотланд Јард за „Дејли Меил“ изјавил дека истрагата е во тек.
Војводата и војвотката од Кембриџ не се огласија по овој повод.