Шпанскиот режисер Педро Алмодовар работи на сценарио за вестерн филм, откри тој на Филмскиот фестивал во Венеција. Ова е прв ваков филм за Алмодовар, кој е познат како мајстор на мелодрами.
„Моментално пишувам сценарио за вестерн филм. Но, тоа ќе биде различен тип на вестерн, ќе биде многу шарен, многу театарски“, рече познатиот режисер.
Седумдесетгодишниот Алмодовар дојде во Венеција за да го претстави својот нов, краток филм и прв на англиски јазик, „Човечки глас“, со Тилда Свинтон во главната улога, што го снимил минатиот месец, а во октомври планира да почне со снимањето на наредниот филм, „Madres Paralelas“.
„По ова ќе го правам вестернот, а потоа уште еден филм, насловен ‘A Manual For Cleaning Women’“, најави Алмодовар.