Медицинската сестра која стана симбол на борбата со короната, е избрана за Личност на годината

Медицинска сестра Алесија Бонари, од болницата во Милано, ја доби наградата Личност на годината на филмскиот фестивал во Венеција. Таа стана симбол на борбата против коронавирусот откако покажа дека лицето ѝ е цело со модринки од долго носење заштитна опрема. Алесија се појави на црвениот тепих во елегнтен црн фустан и маска на лицето, а откако ја прими наградата, рече дека веднаш се враќа на работа.

Благодарам Венеција за сето внимание, но пред сè ѝ благодарам на мојата Италија… Да, ова е сон. Но сега се враќам во Милано на работа,“ рекла таа.

Бонари го сврте вниманието кон себе, но и кон другите медицински лица уште во март. Таа тогаш објави слика на која се гледаат модринките и црвенилото од заштитната опрема што со часови ја носеше во болницата во Милано каде што ги лекуваше пациентите заразени со Ковид-19. Алесија тогаш испрати порака дека носењето маски е еден од најсигурните начини за заштита од коронавирусот.

„Ги замолувам сите што ќе го прочитаат ова да не ги уништат нашите напори, да бидат алтруисти и да останат дома за да ги заштитат најслабите“, напиша тогаш 23-годишната медицинска сестра.

 

Scroll to Top