Шампион на формула 1, Луис Хамилтон, објави видео на „Инстаграм“ на кое собира отпад од плажа и испрати порака до сите негови следбеници дека треба да се вклучат во борбата против загадувањето. Видеото е снимено пред корона-кризата, а Хамилтон е изненаден од тоа колку пластичен отпад, кој тешко се разградува, се остава на плажите или се фрла во морињата и океаните.
„Секое парче пласитка кое е некогаш направено и денес постои, тешко се разградува и ја загадува нашата околина. Пред корона кризата собирав ѓубре од плажите, непријатно е да се види дека толку многу смет завршува во океаните. Никогаш не е доцна да бидеме поодговорни и да ја заштитиме околината. Треба да сме свесни за последиците. Можеме да влијаеме нашиот свет да биде подобар и почист“, напиша, меѓу другото, Хамилтон во пораката.
Британскиот возач и оваа сезона е на првото место во Ф1 напреварите. До крајот на сезоната остануваат уште седум трки.