Лејтон Мистер (34) и Адам Броди (40) вторпат станаа родители. Глумицата пред неколку дена роди син, а веста за раѓањето на бебето ја сподели Адам во интервју.
„Имам ново бебе. Ми се роди син. Преубав е“, рече тој, но не сакаше да каже повеќе детали.
Ова е второ дете за Блер од „Озборувачка“ и Сет од „Округот Оринџ“. Тие ја имаат ќерката Арло, која се роди 2015 година. Двојката се венча пред 6 години на тајна церемонија, а медиумите дознаа за нивната свадба неколку месеци подоцна.