По речиси 15 години од нивниот развод, Бред Пит и Џенифер Анистон соработуваа на ист проект, и тоа за добротворни цели.
Неодамна, Бред и Џенифер ги израдуваа фановите со соработката на еден виртуелен проект. Станува збор за читање сцени од филмот Fast Times at Ridgemont High, организирано од непрофитната организација на Шон Пен – Community Organizer Relief Effort.
Покрај Бред и Анистон, во читањето учествуваа некои од најголемите имиња во светот на шоу-бизнисот, како Морган Фримен, Џон Леџенд, Џулија Робертс и Шон Пен. Настанот беше организиран со цел да се соберат средства за борбата против пандемијата на коронавирусот.
Џенифер ја имаше улогата на Линда Барет, а нејзиниот поранешен сопруг ја презеде улогата на Бред Хамилтон. Актерите ја читаа сцената каде што Линда, ликот на Џенифер, го начекува ликот на Бред како мастурбира. Во меѓувреме Морган Фримен е нараторот.
„Здраво, Бред, знаеш дека отсекогаш мислев дека си сладок. Мислам дека си многу секси“, почнува репликата на Анистон.
И самите можете да забележите дека Бред не останува рамнодушен на овие зборови и се насмевнува, без разлика што станува збор за глума.
This will definitely stop everyone obsessing over Brad and Jen reunions. #FastTimesLive pic.twitter.com/lVeCNdxNC0
— Jillian Sederholm (@JillianSed) September 18, 2020
На почетокот од видеото, пак, поранешните партнери си разменуваат и неколку зборови:
„Здраво, Анистон“
„Здраво, Пит“
„Како си?“
„Супер миличок, како си ти?“
„Добро сум“
“hi aniston”
“hi pitt”
“how you doin?”
“Good honey, how are you”
“I’m alright”
Not me freaking out.#FastTimesLive pic.twitter.com/VbHtU4aIZX— Vale (@vtusx) September 18, 2020
Ова е првпат по нивниот развод, Бред и Џенифер да соработуваат, па не е ни чудно што фановите се радосни.
Претходно, годинава тие беа фотографирани зад сцената на доделувањето на SAG-наградите – уште еден настан што вистински ги израдува фановите најмногу поради нежностите што си ги разменија.
Познатиот пар се раздели во 2005 година, а по разводот на Бред и Анџелина во 2016, се чини дека тие станале добри пријатели.