Бријана Тејлор е девојката чие убиство предизвика масовни демонстрации во САД

Убиството на Афроамериканката Бријана Тејлор предизвика масовни демонстранции во местото Луисвил во Кентаки, особено откако поротата одлучила да се отфрлат сите обвиненија против тројцата припадници на полицијата кои биле осомничени за нејзиното застрелување

Во немирите двајца полицајци биле ранети со огнено оружје. Шефот на полицијата, Роберт Шредер, изјавил дека осомничените за ранетите полицајци се уапсени, но не открил дали тие учествувале во демонстрациите.

Според него, полицајците биле ранети откако демонстрантите блокирале една раскрсница, по што дошло до пукање. Полицајците морале да бидат вооружени со пушки со цел да го одблокираат патот. Како што пренесуваат медиумите, во конфликтите биле уапсени 40 демонстранти.

Во Луисвил е прогласена вонредна состојба и воведен е полициски час. На улиците излегоа и припадниците од Националната гарда со оклопни возила.

Протестите се организирани и во други американски градови, а граѓаните незадоволни од одлуката на поротата, својот револт го пренесоа на улиците во Њујорк, Чикаго, Вашингтон, Атланта и Филаделфија.

Во главниот град на Америка демонстрантите се собрале кај паркот Лафајет пред Белата куќа. Големата порота во Луисвил во Кентаки ги обвини поранешните полицајци за безобѕирно загрозување на животот во случајот со убиството на здравствената работничка Тејлор во полициска рација во март. Тие одлучиле дека другите двајца полицајци оправдано пукале во таа акција и против нив не се подигнати обвиненија.

Детективот Брет Хенкисон веќе е отпуштен од градската полиција, откако истрагата утврдила дека тој испукал 10 куршуми во станот на Бријана низ вратата покриена со ролетна. Со тоа тој ги нарушил полициските правила.

Тој требало да има јасен визуелен преглед на ситуацијата пред да отвори оган. Во обвиненијата во три точки, Хенкисон се товари за безобѕирно загрозување на животот, затоа што куршумите кои тој ги испалил завршиле во соседниот стан и го загрозиле животот на уште тројца луѓе.

Ако биде осуден, на Ханкисон му се заканува казна од максимално пет години затвор. Хенкисон бил во рација со двајца колеги, кога почнале да пукаат во станот на 26-годишната Бријана Тејлор и ја убиле пред нејзиното момче. Биле испалени 20 куршуми, а таа била погодна пет пати.

Смртта на Бријана Тејлор и Џорџ Флојд, кој во мај почина откако бел полицаец од Минеаполис, осум минути со коленото го задушил на тротоарот, покренаа бран протести ширум земјата, на кои се бара правда за расните односи и ставање крај на прекумерната употреба на полициска сила.

Во очекување на одлуката на судот, голема група  луѓе се собраа околу паркот на плоштадот Џеферсон во Луисвил, место каде што редовно се случуваат демонстрации против полициската бруталност.

По објавата на одлуката за подигање обвиненија, градоначалникот на Луисвил, Грег Фишер, објавил воведување тридневен полициски час, кој почнува од девет часот навечер.

 

 

Scroll to Top