Пожар избувнал денес во фабрика на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“, во градот Дунгаун. Во фабриката се истражувале антените за 5Г и 4Г-мрежата, пренесуваат светските медиуми.
Пожарот бил изгаснат и никој не настрадал во незгодата, соопштиле локалните власти. Огнот ја зафатил зградата со челична конструкција во изградба, која се наоѓала во близина на истражувачката лабораторија на „Хуавеј“ и која не била користена во моментот кога се случил инцидентот.
🚨 #BREAKING – A #Huawei research laboratory burns in 🔥 #Dongguanpic.twitter.com/BGqR7Hmz0J
— ISCResearch (@ISCResearch) September 25, 2020
На кинеските социјални медиуми објавено е видеоснимка, на која наводно се гледа како голем облак со темносив чад се издигнува од истражувачката лабораторија на „Хуавеј“.
🚨 #BREAKING – A #Huawei research laboratory burns in 🔥 #Dongguanpic.twitter.com/BGqR7Hmz0J
— ISCResearch (@ISCResearch) September 25, 2020
Противпожарната служба денеска соопштила дека горел памукот што го спречувал звукот. Кинеските државни медиуми пренесоа дека пожарот избувнал во истражувачката лабораторија на „Хуавеј“. Од компанијата одбиле да дадат каков било коментар или одговор.
🚨 #BREAKING – A #Huawei research laboratory burns in 🔥 #Dongguanpic.twitter.com/BGqR7Hmz0J
— ISCResearch (@ISCResearch) September 25, 2020
Во лабораторијата главно се истражуваат материјали и се тестираат антени за 4Г и 5Г-мрежата, поврзано со деловните базни станици на „Хуавеј“, тврди „Ројтерс“ повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.