Американката Маргот Дјукс Еди, која била бремена го спасила својот сопруг Ендрју Чарлс Еди, од ајкула. Маргот без размислување скокнала во водите кај островот Флорида Киз, за да го спаси сопругот, откако во водата видела крв, а околу неа пливала ајкулата.
Ендрју во тие моменти бил на нуркање кај гребенот Сомбреро, пред да биде нападнат од ајкулата. Откако го извлекла сопругот на сигурно, останатите членови од семејството веднаш повикале итна помош. Ендрју веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Мајами.
Од итната помош изјавиле дека Еди бил во критична состојба, кога дошол кај нив. Тој имал сериозни повреди на рамењата. Маргот подоцна објавила дека нејзиниот сопруг е на добар пат целосно да оздрави.
Младиот брачен пар од Џорџија, пристигнал на Флорида на летување. Тие биле на пловида со приватен брод. Сведоци по несреќата изјавиле дека на тоа место и претходно забележале ајкула голема од два до три метри.
Во Флорида се случуват најголемиот број на напади од ајкули во светот. Само во 2019 година, биле пријавени 21 случаи.