Британската кралица е загрижена затоа што во јавноста излегоа приватни снимки од нејзиниот внук, поранешниот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, пишуваат британските медиуми.
Хари и Меган се согласија да снимаат документарен филм кој ќе се прикажува на „Нетфликс“, пишува „Дејли Мејл“. Се шпекулира дека компанијата „Нетфликс“ потпишаа договор вреден 100 милиони долари.
Во јавноста се шпекулираше дека Меган и Хари ќе снимаат и реално шоу, нешто што популарната двојка подоцна го негираше. Но, не се исклучува можноста дека ќе се појават во документарецот. Во филмот планирано е да се ојбават првите години од заедничкиот живот во Америка.
„На почетокот планиравме да снимиме обичен документарец, но свативме дека нивниот приватен материјал ќе има многу поголема комерцијална вредност. Ако снимките покажат колку биле разочарани во животот во монархијата, овој филм ќе биде и повеќе од експлозивен“, открива извор близок до двојката.
Снимките можат да покажат како изгледало запознавањето на нивниот син Арчи со остатокот на кралското семејство, кое сега е загрижено. Тие стравуваат дека Хари и Меган можат да изнесат голем број пикантерии од кралскиот двор.
Хари и Меган од „Нетфликс“, веќе работат на документарна серија за зачувување на природата, борбата против сиромаштијата и жените кои сакаат да го променат светот.
„Меган и Хари сакаат фокусот да го стават на својата хуманитарна работа, грижа за сиромаштијата и потребите да им покажат на луѓето, што тие работат. „Нетликс“, ги сака во центарот на вниманието, па сите страни се задоволни со договор“, објаснил изворот.
Кралската двојка ја напушти Велика Британија пред половина година. Традиционалниот живот на монарх го заменија со оној холивудскиот во Калифорнија, каде во јуни купија 15 милиони долари вредна вила.