Глумицата Аманда Сајфред вторпат стана мајка и откри дека родила син. Глумицата и нејзиниот маж, актерот Томас Садоски цело време во ја чувале бременоста во тајност.
Двојката ја објави веста за раѓањето на бебето на социјалните мрежи преку профилите на две хуманитарни организации кои обезбедуваат заштита и грижа на децата во услови на војна.
„Од раѓањето на нашата ќерка пред три години, водечката сила во нашите животи стана посветеноста кон невини деца кои се брутално погодени од воени конфликти“, изјави двојката.
Ѕвездата на „Мама миа“ и Садоски се венчаа во март 2017 година, кратко време пред таа да се породи со нивното прво дете, ќерката Нина.