Криси Тејген откри дека со сопругот Џон Леџенд го изгубиле бебето. Манекенката (34) синоќа ја објави веста на Инстаграм, велејќи дека имала и прекумерно крвавење. Таа сподели многу црно-бели фотографии за да ја долови нејзината тага во болницата. Криси напиша:
– Шокирани сме од длабока болка, ваква болка никогаш порано не сме почувствувале – напишала манекенката.
Илјадници фанови испратија сочувство и поддршка. Сепак, на многумина не им се допадна нивниот потег и начинот на кој ги споделуваа вестите со светот, па за нејзиното објавување имаше бројни критики.
„Ова е толку тажно, но дали тие навистина мораа да позираат и да користат црно-бели фотографии, филтри и да го објават сето тоа на социјалните мрежи? Мислам дека е сосема непотребно. Нема смисла сите да зборуваат за тоа, за мене е лична трагедија ”
„Ова е толку глупаво, зошто такви фотографии? “,„Жал ми е за нивната загуба, но овие фотографии изгледаат лажно и сè ми се чини дека е лош маркетиншки потег. Навистина! Дали ги продадоа фотографиите? Зошто да позирате“, се едни од многуте критики на сметка на сопружниците кои минуваат низ тежок период. Сепак, навредите не завршуваат тука.
„Да ви беше навистина тешко, немаше да висите на Инстаграм“, пишуваат на Инстаграм.