Почина јапонскиот дизајнер Кензо Такада

Јапонскиот моден дизајнер Кензо Такада, почина на 81 година во Париз, од ковид-19. Такада почина во американската болница во Нојли-сур-Сена, соопшти портпаролот на брендот за облека и парфеми „Кензо“.

Модниот бренд „Кемзо“ е создаден во 1970 година, а Такада е првиот јапонски стилист што успеа да се наметне во Париз. Целата кариера тој работеше во Франција, а постигна светска слава.

Неодамна, овој моден бренд ја промовираше новата колекција за сезоната пролет-лето 2021, која е инспирирана од Атиџе и македонскиот документарен филм „Медена земја“.

(Галерија) Атиџе е новата муза на модниот бренд „Кензо“

Scroll to Top