(Видео) Првата дама на САД, Меланија Трамп, била тајно снимана

Првата дама на САД, Меланија Трамп, била тајно снимана во летото 2018 година, кога јавно ја критикувала политиката на нејзиниот сопруг Доналд Трамп за одвојување на семејство што нелегално влегло во Америка.

„Велат дека сум соучесник. Дека сум иста како него, дека го поддржувам. Дека не зборувам доволно, дека не работам доволно за местото на кое се наоѓам“, се слуша на снимката која тајно ја направила Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и советничка на Првата дама.

Стефани зборува за односот со Меланија и во својата книга „Меланија и јас“, пренесува Си-ен-ен. Снимките од разговорот со Меланија се објавени во емисија на најголемата телевизиска мрежа во четвртокот вечерта.

На нив може да се слушне како Меланија зборува за божиќната декорација.

„Се разбирам во уредување за Божиќ. Но, кому му е грижа за тоа. Сепак, јас морам и тоа да го работам, зар не? А, кога работам на декорацијата и планирањето за Божиќ тие велат што е со децата кои се одвоени од мајката. Оставете ме на мира. Каде беа да го зборуваат така кога Обама го правеше истото. Се обидов  да ги спојам детето и мајката. Немав шанси. Тоа треба да мине низ голем процес и закон“, се слуша Меланија на снимката.

Се чини дка политиката на Меланија е поинаква од онаа на нејзиниот сопруг Доналд. Во периодот на владеењето на Барак Обама се случувало децата да бидат одвоени од родителите само кога властите се грижеле дали родителите можат да ги издржуваат децата или дали родителите се полнолетни.

Шефицата на персоналот на Меланија, Стефани Гришам, го осудила тајното снимање на Меланија. Во книгата таа ги опишала приватните разговори меѓу Меланија и Иванка, ќерката на Трамп, која таа ја нарекува пасторка. Потоа односите со Мишел Обама и ставовите за граничната полиција.

Во книгата е спомената и контроверзната јакна која Меланија ја носела во 2018 година, на која пишувало „Не ми е гајле“.

„Ги излудувам либералите, тоа е сигурно. Но,  тие го заслужуваат тоа“, се слуша Меланија на снимката.

 

Scroll to Top