Мараја Кери: Сестра ми се обиде да ме продаде на макро кога имав 12 години

Пејачката Мараја Кери во своите мемоари откри за тешкото детство кое го имала. Педесетгодишната пејачка открила дека нејзиното детство било полно со физичка и психичка злоупотреба, а во еден момент нејзината сестра се обидела и да ја продаде.

 

View this post on Instagram

 

#tbt one of my last late-night moments out in NYC. #ilovethiscity

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

Таа во мемоарите The Meaning of Mariah Carey открила дека никогаш не биле во добри односи со нејзината осум години постара сестра Алиса и десет години постариот брак Морган. Таа открива дека Алиса се обидела да ја продаде на макро кога имала само 12 години.

„Родителите ни се разведоа кога имав три години. Тогаш останав со мајка ми, а Алиса отиде да живее со татко ми. Кога наполнив 12 години, таа имаше 20 и почна да живее со новиот дечко Џон. Тогаш вниманието го сврте кон мене, а јас не знаев дека Џон е макро“, открива Мараја.

„Ме повика во нивната куќа, каде што можев да гледам телевизија кога и да посакам. Имаше многу вкусна храна која мајка ми не можеше да си ја дозволи. Сега ми е јасно дека таа куќа беше бордел. Мојата сестра му помагаше на момчето да врбува девојчиња. Тогаш не ми беше јасно, затоа што имав 12 години“, признава пејачката.

  „Работите брзо излегоа од контрола, мојата сестра почна да се дрогира и да влегува во долгови. Еднаш требаа да ме земат, но тој дојде сам и ми даде до знаење дека има пиштол. Ме однесе во некој локал преполн со стари мажи, кои ме гледаа чудно и даваа непримерни коментари. Потоа почна на сила да ме бакнува. За среќа, го забележа човек кому му беше чудно што ме гледа толку млада во друштво со постар човек на такво место. Тој ме спаси. Подоцна дознав дека мојата сестра се обидела да ме продаде на Џон“, открива пејачката.
Scroll to Top