Ако настане судар меѓу рускиот сателит „Паурс“ и киеската ракета „Лонг Марч 4Б“, орбитата повеќе нема да биде безбедна, предупредуваат експертите, а пренесуваат светските медиуми.
Ова е по вторпат во 2020 година да стигне вакво предупредување за потенцијален судар во ниската Земјина орбита, кој би можел да создаде илјадници парчиња шрапнели, претставувајќи закана за сателитите, комуникациите и идните мисии на човечките екипажи.
Службата за следење на вселенскиот отпад LeoLabs се огласи поради отфрлените кинески ракети кои во петокот опасно се доближиле до изгасениот руски воен сателит од последниот милениум.
Нивната блиска средба се очекува да се случи на 16 октомври и да изнесува само 12 метри. Според моменталните пресметки, постои можност од 10 проценти, за удар на надморска височина од 991 километри над морето Ведел во близина на Антарктичкиот полуостров.
„Ова веројатно потенцијално е еден од најлошите случајни судари кои би имале можност да ги видиме. Вакво нешто досега се нема случено веќе подолго време“, вели Елис Горман, вселенси археолог, од австралискиот универзитет Флиндерс.
Сателитот и ракетата има комбинирана маса од околу 2800 килограми и се движат со релативна брзина од 14,7 километри во секунда или 52,920 километри на час. За дообјаснување куршумот патува со 2.736 километри на час.
Кинеската ракета „Лонг Марч 4Б“, е лансирана на 10 мај 1999 година, додека згаснатиот руски воен сателит „Паурс“ датира уште од 22 февруари 1989 година и бил користен првенствено за комуникација и навигација.
Сателитот „Парус“ има стрела од 17 метри, што претставува дополнителен ризик за судар. Да биде работата уште полоша, ниту еден објект не може да се манврира од земјата, затоа што и двете се третираат како неоперативно вселенско ѓубре.
Уште во јануари беше подигнат алармот за судар, поради два стари сателити и со можност 1:100 да се судрат. За среќа се разминаа без никаков инцидент.
Моменталните потенцијални сателитски судари, не претставуваат ризик за луѓето тука на Земјата, но би можеле да претставуваат голема закана за оперативните системи и разните вселенски летала во орбитата.
Иако во последните десет години, процентите за фрагментациони настани во орбитата и вакви судари, биле помали од еден процент, експертите велат дека легитимна е загриженоста за голема несреќа, особено поради големото вселенско ѓубре кое заглавило во орбитата.
Тие велат дека само прашање на време е кога ќе се случи каскаден ефект, на огромен облак на ѓубре во овој дел и кога големи делови од ниската орбита на Земјата ќе станат целосно бескорисни. Оваа ситуација е позната како Кеслеров синдром, наречен според поранешниот астрофизичар на НАСА, Доналд Кеслер во 1978 година.
„Моето чувство поради ова е веројатно дека тоа нема да се случи. Но, тоа е затоа што сум оптимист. Останува да почекаме и да видиме. Стискаме палци“, изјавил Горман.