Џорџ Клуни ќе биде дел од филмската екранизација на книгата „Калико Џо“ на Џон Гришам. Глумецот се споменува и како можен режисер на филмот.
Дел од проектот ќе биде и актерот и продуцент Грант Хеслов. Тој и Клуни соработуваа и на „Арго“ од 2012, кој го доби „Оскарот“ за најдобар филм. Новиот филм е сѐ уште во претпродукција.