Лусио Чикито од Колумбија е инжинер, кој успеал да докторира на 104 годишна возраст. Лусио ја одбранил докторската теза за примена на хидрологија на Универзитетот во Манчестер.
Тој е роден на 22. мај 1916 година. Дипломирал на Рударскиот факултет на Националниот Универзитет во Колумбија, по што заминал во Ангија. Таму магистрирал на Универзитетот Викторија во Манчестер. По точно 73. години од магистратурата, посакал да докторира.
Од Универзитетите во Манчестер велат деак го засакале Лусио и затоа му одобриле стипендии за време на основните и мастер студии. Поради тоа Лусио се врзал за овој град и одлучил да му се врати, за да ја одбрани докторската теза на темата хидрологија.
Инжинерот објаснил дека во неговиот труд се фокусирал на пронаоѓањето на решенија за одредување на максимален проток, кој економично може да се извлече од реките, а со самото тоа и за одредување на капацитетот на електраните.