Како да разликувате грип од корона

Симптомите како што се зголемена температура и отежнато дишење, не мораат да укажуваат дека имате коронавирус. Колку и да се слични, грипот и короната се разликуваат во температурата.

Додека грипот настапува наеднаш и температурата веднаш скокнува и е висока, кај короната таа постепено се развива. Температурата на почетокот е благо повисока и полека расте. Слично е и со останатите симптоми.

Ако забележите дека имате зголемена температура, кивате, кашлате или имате потешкотии со дишењето и сте загрижени дека можеби сте заразени со коронавирусот, побарајте лекар. Одете до најблиската амбуланта и објаснете им ги симптомите кои ги имате.

Послушајте ги советите  на лекарите. На Балканот досега се заразени околу 28.000 луѓе. Во светот се заразени повеќе од девет милиони, а починале повеќе од 471.000 луѓе. Од короната оздравеле 4,54 милиони луѓе.

Scroll to Top