Земјотрес со магнитуда од 5,6 Целзиусови степени ја исплаши премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир, додека беше вклучена во живо и зборуваше за последиците од пандемијата на коронавирусот.
Силниот земјотрес денеска погоди делови од југозападен Исланд и предизвика нишање на зградите во главниот град Засега нема извештаи за можни повредени или причинета штета.
Од Метеоролошката служба во Исланд велат дека земјотресот се случил во 1:43 часот по локално време и дека неговиот епицентар бил во Крисувик, околу 35 километри јужно од Рејкјавик.
Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир, во живо зборувала за последиците од пандемијата, кога просторијата во која се наоѓала почнала да се тресе. Таа се исплашила, но за кратко време се пошегувала и продолжила со разговорот.
„Вау, ова беше земјотрес. Но, ова е Исланд“, прокоментира премиерката и продолжи да зборува за коронавирусот.
Исланд е вулканска земја и е една од сеизмички најактивните земји во светот. Повеќето земјотреси кои досега ја имаат погодено се мали и немаат направено голема штета.
Our Prime Minister @katrinjak response to an earthquake M5.6 live on @washingtonpost was fantastic. Calm, surprised but casual. “This is Iceland” 🇮🇸#earthquake #Iceland pic.twitter.com/DPea2NMlEr
— Áslaug Arna Sigurbjörnsdóttir (@aslaugarna) October 20, 2020