Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, го победи коронавирусот, пренесуваат светските медиуми. Тој до вчера ја извршуваше функцијата на сенатор во Горниот дом во земјата.
Мухика важеше за најсиромашниот шеф на државата во светот. Тој во својот проштален говор се збогува од функцијата како сенатор и изјави дека за да се успее во животот, човек мора прво да падне, па пак стане и да почне од почеток.
„Ви благодарам за спомените. Јас сум многу носталгичен човек. Како што знаете, ме бутна пандемијата“, изјавил 85-годишниот Мухика во својот проштален говор, пренесува Си-ен-ен.
Според пишувањата на светските медиуми, тој поднесол оставка од местото сенатор поради пандемијата со коронавирусот. Мухика вели дека поради староста и хроничните проблеми, повеќе не можел да ја извршува оваа должност.
„Во животот постои момент кога ќе морате да сфатите дека треба да заминете од функцијата што сте ја извршувале. Им благодарам на моите фанови кои ме поддржуваат 26 години. Во целиот тој период се обидував да ја отфрлам омразата. За тоа време научив важна лекција која ми ја подари животот. Омразата ве прави глупави“, изјавил Мухика.
Некогашниот претседател на Уругвај многумина го нарекуваа најсиромашен лидер на една земја поради неговиот скромен начин на живот. Тој беше претседател на Уругвај од 2010 до 2015 година, по што ја извршуваше функцијата како сенатор.
Тој беше најскромниот шеф на една држава во светот, затоа што 90 проценти од својата плата ја донираше во добротворни цели. Неговата плата од 12.000 долари ја даваше за помош на сиромашните и помали претприемачи.
Возеше „фолксваген буба“ од 1987 година и продаваше цвеќиња кои тој и неговата сопруга ги одгледуваа во нивната градина. Живееше скромен живот во куќата под градот Монтевидео. Живееше заедно со сопругата, поранешна сенаторка и герилка Лусија Тополански. Тие живееја заедно со нивното куче Мануел. Немаше телохранители, ниту, пак официјален возен парк.