Експертите го открија главниот фактор од кој зависи дали ќе заболиме од Корона-19. Дозата на некој лек одредува колку нештото е смртоносно или не, но експертите велат дека тоа не би смеело да се примени и на коронавирусот.
Веќе долго време во научните кругови се расправа за тоа дали дозата на вирусот на која некоја личност е изложена е клучна за тоа дали тој или таа ќе бидат заразени, или ќе добијат благи симптоми или тежок облик на болеста.
Професорот по биологија од Универзитетот „Масачусетс“, Ерин Бромиџ, за Си-ен-ен вели дека мислењето за тоа дека е потребна одредена количина патогени за организмот да се зарази се покажала точна за некои други вируси.
„Ако изложите животно на некоја пониска доза на вирусот, тоа ќе успее да се зарази без да развие болест. Но, ако го изложите на поголема количина, организмот ќе се зарази и животното ќе се разболи. Дозата во тој случај станува важна“, вели Бромиџ.
Количината на вирусот е клучна, но не еднократно, туку збирно. Логиката е многу едноставна. Не ви требаат точно одредени честички на вирусот кои ќе се инфицираат во клетките ако имате голем број вирални честички. Една од нив ќе успее да се пробие до клетките и ќе ја придвижи инфекцијата.
Сепак, Бромиџ предупредува дека не е клучна само количината на вирусот на која е изложен некој еднократно, туку збирот на количината на која бил изложен во одредено време.
„Тоа би можело да објасни зошто медицинскиот персонал е на удар. Тие се изложени на високи дози или се наоѓаат во околина во која се континуирано изложени на вирусот, па дозата постојано се зголемува“, акцентира овој експерт.
Поради тоа, епидемиолозите кога проценуваат колку некој е потенцијално заразен предвид го земаат и времето поминато со близок контакт со заразено лице, односно кога е во ризична ситуација. Во моментов, златниот стандард е до 15 минути, но тоа може да значи и неколку кратки средби кои вкупно прават 15 минути.
Многу зависи и од персоналот кој доаѓа во контакт со вирусот. Но, научниците сè повеќе откриваат дека не е клучен само вирусот, туку и личноста која тој ја напаѓа.
„Секоја личност има различен праг на толеранција. На некој кој има проблеми со имунитетот, или ако е под стрес, не му е потребна голема количина за да се зарази, во однос на оние кои се во добра здравствена состојба“, вели Бромиџ.
Кога сите работи ќе се соберат, шансите за некој да се зарази зависат од психологијата на потенцијалниот пациент, но и од неговото однесување и навики, како што се пушењето, здравата исхрана, физичката активност и спиењето.
Главен проблем е да се утврди точното сценарио кое довело до инфекцијата.
„Едноставно не можеме да ја проучуваме точната доза на вирусот што би резултирала со заболување затоа што тоа е неетично“, предупредува инфектологот и професор по медицина на Универзитетот во Калифорнија, доктор Моника Ганди.
Во пракса, тоа би значело дека треба да се изложат потенцијалните испитаници на сè поголемо ниво на вирусот, за да се открие како инфекцијата настанала.
„Мислам дека нема да го добиеме тој износ. Можеме да се обидеме со животните и да добиеме одредени податоци, но за луѓето, за жал, нема да го направиме тоа“, вели Ганди.
Маските ја намалуваат дозата на вирусот што влегува во луѓето, велат експертите. Научниците сега можат само да погодуваат колку е потребно некој да биде изложен на вирусот за да се зарази. Но, луѓето секако можат да го намалат нивото на изложеност на вирусот ако носат заштитни маски.
Докажано е дека тие ја намалуваат дозата на вирусот која доаѓа до лицата, а кои можеби несвесно ја шират заразата околу себе. А, ако се намали дозата на вирусни честички во нашата близина, ќе ги намалиме и шансите да се заразиме, односно некој во нашата близина да биде заразен.
Освен тоа, експертите сметаат дека изложеноста на мала доза на вирусот може да го поттикне имуниот систем на реакција, без развивање на болестите. Слично како што тоа се прави кај вакцините, а тоа би можело да се покаже клучно за крај на пандемијата.
Доктор Ганди и доктор Џорџ Рутерфор од одделението за епидемиологија на Универзитетот во Калифорнија објаснуваат како тоа некој има антитела, а не се разболува.
Во нивниот труд објавен во магазинот New England Journal of Medicine тие објаснуваат дека кога некој носи маска, а е изложен на вирусот, добива помала доза на вирусни честички, со што може да се избегне развивањето на болестите, а сепак да се поттикне имуниот систем на реакција.
Тоа би можело да биде и објаснувањето за тоа зошто некои никогаш не се болни, а сепак развиле антитела кои се поврзани со инфекцијата на коронавирусот.
Проблемот е што луѓето не можат да ја знаат количината на вирусни честички на кои се изложени, како ни тоа колку вирусни честички се потребни за да се развиваат антитела, а да не развијат инфекција. Затоа доктор Ганди и нејзиниот тим го акцентираат она што веќе одамна требало да биде усвоено, држење растојание, често миење на рацете и носење заштитни маски.