Земјотрес со јачина од 4,2 степени е забележан утрово на грчкиот остров Самос, соопштија од геодинамичкиот институт. Епицентарот на земјотресот, кој се случил малку пред девет часот, бил 13 километри источно и североисточно од Самос, пренесува агенцијата АНА.
Самос на крајот на октомври беше погоден од земјотрес кој го разори турскиот град Измир. Во силниот земјотрес со јачина од 6,6 степени загинаа повеќе од 100 луѓе.
Денеска беше регистриран и силен земјотрес кој беше почувстуван на целата територија на Македонија со јачина од 5 степени според Рихтер. Епицентарот на овој земјотрес се случи во Леуново, во Мавровскиот Регион, на 15 километри од Гостивар.
Подоцна, беа регистрирани два земјотреса со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер во близина на Гостивар.
Потерсите се случиле во временски период од еден и пол час, покажувваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Првиот земјотрес со јачина 3,8 бил регистриран околу 12 часот на 18 километри југозападно од Гостивар.