Стилистите и модните експерти предлагаат големи и широки капути оваа сезона. Од боите доминираат кафеавата и кремот, сивата и сината, а во мода се и крзнените капути. Оваа сезона како тренди се издвојува теди-капутот, кој е впечатлив поради својата големина и предимензионираност, а се вклопува во речиси секој избор на облека.