Поп-кралицата Мадона на 62 години ја направи својата прва тетоважа, која им ја посвети на нејзините шест деца. Таа на „Инстаграм“ објави неколку видеа и слики од процесот на тетовирање и тетоважата ЛРДМСЕ на нејзиниот глужд. Тетоважата се иницијалите од имињата на нејзините деца: Лурдес (24), Роко (20), Дејвид (15), Мерси (14), и близнаците Стела и Естер (8).
Мадона, која скоро никогаш не зборува за своите деца во јавноста, неодамна објави заедничка слика со нив и на своите фанови им го честиташе Денот на благодарноста.
View this post on Instagram