Пејачката Милица Тодоровиќ во едно од своите последни интервјуа објасни дека таа исто како и нејзините колеги биле погодени од корона-кризата и дека во моментот се обидува на сите начини да дојде до извор на пари за да ги плати своите музичари и да ги задржи.
„Тоа што не работам ме прави да се чувствувам загрозено. Ние познатите пејачи можеби повеќе заработуваме, но и многу трошиме. Трошиме на песни, студио, спотови. Во моментот ги плаќам моите музичари, кои не работат ништо, само за да ги задржам“, објаснува пејачката.
Таа изјави дека живее од својата заштеда, дека редовно го плаќа кредитот што го подигнала за стан, но објаснила и дека има дополнителни трошоци во овој период.
За потсетување, Милица неодамна призна дека е во дополнителна тешка состојба поради тоа што не заработува од настапите, а пред целата ситуација поврзана со пандемијата таа подигнала и кредит.
„Не можев во кеш да го платам станот, затоа што никогаш не сум била добра со парите. Подигнав кредит, кој и понатаму го плаќам. Станот не беше евтин, а сакав да живеам во близина на мојот кум Стеван Анѓелковиќ. Тој ме наговори да земам кредит. Редовно ги плаќам своите обврски иако не настапувам во моментот. Имам заштеда со која се покривам“, открила пејачката.