Џенифер Лопез и Алекс Родригез размислуваат да ја откажат венчавката

Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот партнер, американската бејзбол-ѕвезда Алекс Родригез, размислуваат да ја откажат планираната венчавка, која ја презакажаа поради пандемијата на коронавирусот, пренесуваат познатите светски таблоиди

Џенифер во емисијата на Енди Коен објасни дека таа и Алекс планираат да останат да живеат заедно, но никогаш да не се венчаат.

„Засега не брзаме со венчавката. Ни беше тешко затоа што требаше да се венчаме уште во јуни и ги направивме сите подготовки. Сега планираме во март или април, но секогаш кога разговараме на оваа тема, и двајцата си велиме дека ова можеби никогаш нема да се случи“, изјавила Лопез.

Во разговорот со Коен тие го спомнале и примерот со холивудскиот актер Курт Расел и неговата партнерка Голди Хоун, кои заедно живеат среќно, иако никогаш не се венчале.

 

Scroll to Top