Француската влада достави закон познат како зелен пасош за вакцина до собранието, што им овозможува на сите што ќе се вакцинираат да имаат пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места.
Расправата за законот почнала неделава и има право да одобри пристап до јавниот превоз или одредени места врз основа на тест што ќе утврдува дека лицето не е заразено или по превентивен третман спаѓа во групата вакцинирани против коронавирусот, со образложение дека вакцинираните имаат право да живеат нормално.
Истражувањата покажаа дека Французите се доста скептични во однос на вакцинацијата и дека само 40 отсто од граѓаните се подготвени да се вакцинираат. Со овој закон Франција би била првата земја во Европа што воведува вакви пасоши.