Северина славеше Божик со синот: „Ти си најдобрата мајка на светот“

Хрватската ѕвезда Северина, Божик го прослави со нејзиниот син Александар. Тој веќе некое време живее со својот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, а пејачката го гледа само неколку часа во неделата, откако судот ѝ го одзеде старателството пред една година. Сега, таа се пофали дека Александар бил со неа за празниците.

„Пред да заспие ми шепна: Ти си најдобрата мајка на светот. Среќен Божик на сите“, напиша Северина на „Инстаграм“.

Таа овојпат не сподели слика со синот, туку неколку фотки во црвен свилен фустан. Но, фановите не пропуштија да ѝ ги честитаат празниците, а ѝ посакаа и следната година судот да ѝ го врати синот. “Зборовите на Александар се најубавиот подарок”, ѝ коментираа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Scroll to Top