Потребни состојки:
500 г бисквити
500 мл слатка павлака
3 јајца
11 лажици шеќер
3 лажици нескафе
малку млеко за натопување на бисквитите
Начин на подготовка:
Изматете ја слатката павлака со половината од вкупниот шеќер. Во друг сад, кремасто изматете ги јајцата со остатокот од шеќерот. На крај додадете нескафе и матете уште малку за да се растопи кафето. Смесата излејте ја во садот со слатката павлака и измиксајте убаво сето да се измеша и соедини. Бисквитите едно по едно на кратко натопувајте ги во млеко. Во млекото можете да додадете и малку рум, по желба. Наредете ги бисквитите, па над нив нанесете слој фил со дебелина од околу еден прст. Така 3-4 редови бисквити и над секој ред фил. Одозгора украсете со рендано чоколадо или чоколадни трошки, па оставете во фрижидер добро да излади, најдобро преку ноќ.