На интернет деновиве се појави слика од петгодишниот Лео, кој ги продава своите играчки, а заработените пари ќе ги донира за настраданите од земјотресот во Петриња. Тој играчките ги продава на импровизиран штанд во Сплит.
„Вкупниот приход ќе го зголемиме три пати и ќе го донираме на Црвениот крст за да ѝ помогнеме на Петриња“, пишува на штандот на Лео.
Сликата за кратко време почна да се споделува на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека Лео е „вистински херој на Хрватска“.