Британскиот глумец Реге Жан Пејџ (31) е новиот фаворит за Џејмс Бонд и наследник на Даниел Крег во улогата на тајниот агент 007. Тој води во обложувалниците, а и фановите се сложуваат дека би бил одличен Бонд.
Обложувалницата Ледброкерс објави дека за една недела коефициентот за него преминал од 40/1 на 16/1. Зад него во обложувалницата се Џејми Бел и Крис Хемсфорт.
„Реге Жан Пејџ сега води во обложувалниците и е во трка во која што најверојатно ќе го замени Даниел Крег“, изјавил Алекс Апати од обложувалницата.
Ooh ooh- what’s everyone’s thoughts on Regé-Jean Page as the new Bond?? 😋 pic.twitter.com/udPo4zrgZ2
— Emma 🌱 (@EmbobEast) January 2, 2021
Досега како наследници на улогата за Џејмс Бонд се споменуваа неколку актери, а меѓу нив и Идрис Елба, Џејмс Нортон и Том Харди. Сепак, обложувалниците ретко кога го погодиле името на новиот Бонд.
Пејџ, кој се прослави со улогата во серијата „За народот“, во моментов го глуми војводата Сајмон Басет во серијата „Бриџертон“ на Нетфликс. Серијата имаше премиера пред католичкиот Божик, а досега ја прегледале преку 63 милиони луѓе, со што стана една од најуспешните серии на Нетфликс.