Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип денес ја примија вакцината против коронавирус. Веста ја објавија од Бакингамската палата, а извор од кралското семејство откри дека вакцинирањето било спроведено во замокот Виндзор.
Кралицата одобрила јавноста да дознае за нејзиното вакцинирање, за да се избегнат сите можни шпекулации. Деведесет и четиригодишната кралица и 99-годишниот Филип се меѓу 1,5 милиони Британци кои досега примиле вакцина против ковид-19.
Лицата над 80 години се меѓу првите во редот за вакцинирање во Велика Британија. Кралската двојка го поминува карантинот во Англија во нејзиниот дом, замокот Виндзор и го избегна традиционалниот семеен собир за Божиќ.