Светската ѕвезда Лејди Гага на златен микрофон ја испеа американската химна на инаугурацијата на Џо Бајден. Таа еше облечена во црвено раскошно зголниште и црно палто, на кое носеше златен брош во вид на галеб, како симбол на мир и единство меѓу Американците.
Гага, која го следеше Бајден и во текот на кампањата, изјави дека е почестена што нејзиниот пријател ја избрал токму неа да ја пее химната на церемонијата на која тој положи заклетва за претседател на САД.
Освен Гага, во чест на Бајден пееја и Џенифер Лопез и кантри-ѕвездата Гарт Брукс.