(Видео) Лејди Гага со златен микрофон ја испеа химната на инаугурацијата на Џо Бајден

Светската ѕвезда Лејди Гага на златен микрофон ја испеа американската химна на инаугурацијата на Џо Бајден. Таа еше облечена во црвено раскошно зголниште и црно палто, на кое носеше златен брош во вид на галеб, како симбол на мир и единство меѓу Американците.

Гага, која го следеше Бајден и во текот на кампањата, изјави дека е почестена што нејзиниот пријател ја избрал токму неа да ја пее химната на церемонијата на која тој положи заклетва за претседател на САД.

Освен Гага, во чест на Бајден пееја и Џенифер Лопез и кантри-ѕвездата Гарт Брукс.

Scroll to Top