Меланија и Доналд Трамп завчера пристигнале на Флорида по напуштањето на Белата куќа и Вашингтон. Откако ја напушти Белата куќа во црн костим од „Шанел“ и во фустан од „Долче и Габана“, поранешната прва дама на САД пристигнала во сончевите краишта во разигран свилен фустан со мотиви на шестаголник, што го потпишува модната куќа „Гучи“. Инспирацијата за изгледот е од 60-тите и 70-тите години на дваесеттиот век.
Ваков модел на фустан Меланија ретко носи, па на социјалните мрежи се појавија коментари дека сакала да отвори ново животно поглавје, поинакво од претходното, а и разни шеги на сметка на поранешната прва дама на САД.
View this post on Instagram
View this post on Instagram