(Видео) „Налепница“, кој е во трка за Оскар, една недела бесплатно на платформата Арго

Краткиот филм на Ѓорги Унковски, „Налепница“, кој влезе во трката за номинација за „Оскар“  една недела може да се гледа бесплатно преку платформата WatchArgo. 

„Налепница“ лани во во јануари имаше премиера на престижниот американски фестивал на независни филмови „Санденс“.  Главниот лик го глуми Сашко Коцев, кој на фестивал во Италија доби награда за најдобра улога. Играат и Соња Стамболџиоска, Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа, Димитрија Доксевски, Џевдат Јашари и др.

 

Scroll to Top