Традиционалниот британски чоколаден десерт „леплив пудинг од карамела“ е еден од омилените десерти и во кралското семејство, посебно на војводката Кејт Мидлтон.
Состојки:
За прелив
- 1/2 шолја кафеав шеќер
- 1 шолја путер
- 1/2 шолја слатка павлака
За колач
- 170 гр урми
- 1 прашок за пециво
- 1 лажиќка сода бикарбона
- 240 мл зовриена вода
- 60 гр путер
- 170 гр шеќер
- 225 гр црно чоколадо
- 1 јајце
- 230 гр брашни
- 1 лажичка екстракт од ванила
Прелив – Во тенџере се загрева кафеавиот шеќер, путерот и слатката павлака со постојано мешање додека да се стопи шеќерот, потоа се трга од шпорет.
Колач – Во чинија се става зовриената вода во исецканите урми и содата бикарбона и се меша. Во друг сад со миксер се матат шеќерот и путерот, додека да добијата пенаста смеса. Се додава јајцето и екстрактот од ванила , пополека додека се мати се додава брашното, прашокот за пециво и приготвената смеса со урмите. Се претура во сад за печење и се покрива со алуминиумска фолија. Во загреана рерна на 180 С се пече 30-40 минути. Врз готовиот колач се става преливот, аможе да се додаде и шлаг пена и јагоди.